SportM
Фудбал

Бум – Сити го комплетираше третото засилување, цена 65.000.000!

Д М21 авг 2023
Бум – Сити го комплетираше третото засилување, цена 65.000.000!

Фудбалскиот клуб Манчестер Сити го комплетираше третото големо засилување!

Фабрицио Романо штотуку потврди со своето познато „еве одиме“ – Џереми Доку пристигнува на „Етихад“ за 60 милиони евра.

Рен немаше избор, ја прифати понудата на Сити, кој извесно време бараше адекватен крилен напаѓач по заминувањето на Ријад Махрез кој замина во Ал Ахли.

Доку е по вкус на Пеп Гвардиола, клубот му ја исполни желбата и 21-годишниот Белгиец пристигнува да ја засили и онака силната конкуренција.

Доку ќе биде третото засилување за Манчестер Сити по доаѓањето на Матео Ковачиќ и Јошко Гвардиол.

Нема дилема дека Доку ќе биде одлично засилување и дека ќе напредува понатаму и ќе го исполни својот потенцијал со Пеп Гвардиола.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.