Фудбал
Бунт во Реал Мадрид, ова е причината!
Шпанските медиуми од утрово пишуваат дека Реал Мадрид е незадоволен од односот на челниците во лигата поради тајмингот на натпреварите на овој клуб.
Како што пренесува весникот АС, мадридскиот клуб е незадоволен од тајмингот на гостувањата на Реал. Поточно, „бунт“ го предизвика преголемиот број на гостински мечеви кои започнуваат во доцниот период од 21 часот. Во клубот тоа значи проблеми при враќање дома, што се случува доцна навечер, а потоа и за тренинг, кој е рано наутро следниот ден. Како што пренесува мадридскиот весник, од 14 гостувања оваа сезона, Реал дури 12 пати играл во 21 часот. Исклучок се само натпреварите против Леганес (18:30 часот) и финалето на Интерконтиненталниот куп против Пачука (18:00 часот).
😡 Rebelión en el Real Madrid: "Estamos hartos de no llegar a casa hasta las 3:00"
✍ @jlartus https://t.co/uaQEmcWVPI
— Mundo Deportivo (@mundodeportivo) December 24, 2024
„Уморни сме од фактот дека секој пат кога играме натпревар надвор од Мадрид, не се враќаме дома пред три часот наутро. Следниот ден треба да тренираме, изјавиле од Реал за „АС“/
Овој тренд засега нема да се промени, бидејќи следниот закажан натпревар на Реал Мадрид е гостувањето на Местаља кај Валенсија во 21 часот. Дуелот е закажан за 3 јануари, а челниците на лигата ќе размислат дали нешто ќе се промени потоа.