SportM
Фудбал

„Бура“ во Премиер лигата… Грешка при голот на Халанд, судиите се извинија на Манчестер Јунајтед

SPORTM.mk14 сеп 2026
„Бура“ во Премиер лигата… Грешка при голот на Халанд, судиите се извинија на Манчестер Јунајтед

Бура изби во Премиер лигата поради голот на Халанд, кој го донесе триумфот на Манчестер Сити во дербито против Манчестер Јунајтед. Голoт на Норвежанецот првично беше оценет како офсајд од судијата, но беше одобрен по долга проверка од ВАР.

На крајот од натпреварот, „Про Реф“, организацијата која е одговорна за судиите во Премиер лигата, му се извини на Манчестер Јунајтед и призна грешката во судењето. „Ќе се изврши преглед на епизодата“, – соопшти организацијата.

Во акцијата, Енцо Фернандез не ја допре топката, но неговата позиција не требаше да се смета за неважна за акцијата. Поради оваа причина, ВАР требаше да побара од судијата преглед на мониторот на теренот (преглед на лице место), наместо само да го потврди голот по видео контролата.

Грешката предизвика силни полемики во англиското првенство, бидејќи голот го одлучи исходот на дербито на Манчестер.

 

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.