SportM
Фудбал

Чави го даде одговорот кој со нетрпение го чекаа навивачите на Барселона

Д М3 дек 2021
Чави го даде одговорот кој со нетрпение го чекаа навивачите на Барселона

Во последните денови многу се шпекулираше за евентуалниот трансфер на Френки де Јонг.

Се шпекулираше како Де Јонг би можел да ја напушти Барселона, а „најгласниот“ за неговото доведување беше Манчестер Јунајтед.

Сепак, се чини дека нема ништо од целата таа приказна, ако и се верува на изјавата на тренерот на каталонскиот клуб Чави Ернандез, за ​​навивачите на Барселона да здивнат.

„Не размислуваме да го продадеме Де Јонг. Тој е важна алка во клубот и сите го знаеме тоа“, рече Чави, а потоа додаде:

„Некои приказни немаат цел и можеме да ја заклучиме оваа трансфер приказна.“

Френки де Јонг пристигна во Барселона во јули 2019 година од Ајакс како големо засилување, а оваа сезона одигра 16 натпревари за Каталонците во сите натпреварувања, постигна еден гол и забележа две асистенции. Тој има важечки договор со Барселона до јуни 2026 година.

Останувањето на Де Јонг на Ноу Камп може да значи многу за евентуалното враќање на Миралем Пјаниќ од позајмица.

Де Јонг е стандарден репрезентативец и на Холандија, за која забележа 38 настапи и постигна еден гол.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.