SportM
Фудбал

Чави го турна во оган оваа сезона и Барселона сега го продаде

Д М6 јун 2022
Чави го турна во оган оваа сезона и Барселона сега го продаде

Шпанскиот напаѓач Феран Јутгла има нов клуб.

Тој следната недела ќе потпише договор со белгиски Клуб Бриж, а Барселона за услугите на 23-годишниот фудбалер ќе инкасира пет милиони евра, како и 10% од следниот трансфер.

Договорени се и лични услови, а сето тоа на Твитер го потврди и Фабрицио Романо.

Феран Јутгла минатата сезона осум пати играше за Барселона. Шест пати добиваше шанса во Ла Лига каде постигна еден гол, а стрелец беше и на единствениот меч што го одигра во Копа дел Реј.

Освои десет минути игра и во Суперкупот одигран во Саудиска Арабија.

За Барселона Б беше далеку поуспешен. На 32 натпревари од сезоната, тој постигна 19 гола со шест асистенции.

Инаку, тој е дете на Еспањол, беше на позајмица во Андреу и Валенсија како млад, тој играше за Еспањол Б, пред да пристигне на Камп Ноу минатото лето.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.