Connect with us

Фудбал

Чави ја откри вистината за Агуеро

Чави со минимална победа над Еспањол дебитираше на клупата на Барселона. Решавачки беше голот на Мемфис Депај од пенал.

Неколку часа пред градското дерби се појави веста дека Серхио Агуеро во неделата што претстои ќе објави дека се збогува од фудбалот поради проблеми со срцето.

На искусниот аргентински напаѓач му беа дијагностицирани проблеми со срцето на натпреварот против Алавес. По направените тестови, му препорачале пауза од најмалку три месеци.

По средбата со Еспањол, Чави откри дека работите всушност се одвиваат и ја демантираше веста за пензионирањето на Агуеро.

„Разговарав со него пред неколку дена и не знам ништо за пензионирањето. Таа вест не е точна“, изјави новиот стратег на Барселона.

За Кун, авантурата на „Ноу Камп“ оди од горе до долу бидејќи имаше неколкунеделна пауза поради повреда на листот, па успеа да забележи само четири настапи и да постигне еден гол.

Искусниот напаѓач летово ја засили Барселона кога дојде како слободен играч од Манчестер Сити, а токму во англискиот клуб Агуеро играше најдолго и остави најголема трага.

Пред Сити, тој играше пет години во Атлетико Мадрид, а кариерата ја започна во аргентинскиот Индепендиенте. Со оглед на неговата одлична техника и чувство за гол, нема сомнеж дека тој е еден од најдобрите напаѓачи во својата генерација.

Реклама

Facebook

Реклама