Чави: Одиме на победа во Минхен

Барселона вчера беше поразена од Бетис со 0:1 во 16. коло од шпанската Примера.
Тоа е прв пораз за Чави на клупата на Барселона.
Сега се очекува шпанскиот стручњак и тимот да играат во 6. коло од групата Е од Лигата на шампионите на гости кај Баерн.
Ситуацијата во групата е таква што Баерн го доби пласманот понатаму бидејќи има максимален ефект досега, Барса е втора со седум бодови, а Бенфика е трета со пет.
Португалскиот тим, сепак, има подобар меѓусебен однос од Барселона и во случај да слави во последното коло против Киев Динамо, на Барселона ќе и биде потребна победа во Минхен за да се пласира.
И покрај ужасната форма на Барселона, Чави најавува натпревар за победа во Минхен.
„Гледам тим кој е способен да оди во Минхен и да победи. Немаме друг избор. Нè очекува едно од најтешките гостувања, но ние ќе го подготвиме тимот и ќе одиме да се натпреваруваме и да се бориме“, рече Чави.
Моментално има две победи на клупата на Блауграна, по што следи реми и пораз.
Натпреварот Баерн – Барселона е закажан за в среда на Алијанц Арената во Минхен од 21 часот.



