Connect with us

Фудбал

Чави одлучи да преземе огромен ризик вечерва, но едноставно нема избор

Фудбалерите на Барселона вечерва на домашен терен ќе ја пречекаат Бенфика во натпреварот од групната фаза од Лигата на шампионите.

Каталонскиот клуб не блеска оваа сезона и вечерва нема право на грешка против Бенфика доколку сака да се пласира во нокаут фазата од ова натпреварување.

Барселона ја отвори сезоната со два тешки порази од Баерн и Бенфика, но потоа двапати успеа да го победи Киев Динамо и со шест бода моментално е втор на табелата.

Но, јасно е дека Барселона сака победа вечерва за да обезбеди пласман во нокаут фазата, бидејќи во случај на грешка против Бенфика во последното коло, би морала да се „одлепи“ од Баерн, што се чини дека е невозможна мисија за нив во моментов.

На клупата на Барселона во Лигата на шампионите вечерва ќе биде Чави Ернандез, кој неодамна беше избран за нов тренер откако Роналд Куман доби отказ.

Чави веќе дебитираше за Барса на натпреварот против Еспањол (1:0) во Примера, а вечерва првпат ќе го води каталонскиот клуб во Лигата на шампионите.

Чави пред натпреварот против Бенфика имаше доста проблеми со повредени играчи, а тоа особено се однесува на позицијата десен бек каде единствен избор му е Оскар Мингез.

Серхи Роберто се повреди вчера на тренинг, а Чави беше принуден на ризичен потег. Имено, тој на списокот за вечерашниот меч го вклучи Дест, кој не се опорави доволно, но доби зелено светло за враќање на теренот.

Исто така, Чави реши да ризикува и со Усман Дембеле кој исто така е целосно подготвен за мечот, но доби одобрение и од лекарскиот тим вечерва да биде во составот.

Реклама

Facebook

Реклама