SportM
Фудбал

Чави по поразот ја советувше ѕвездата на Барса: „Тој мора да ги разбере нашите идеи и да биде бестрашен“

Д М4 дек 2021
Чави по поразот ја советувше ѕвездата на Барса: „Тој мора да ги разбере нашите идеи и да биде бестрашен“

Фудбалерите на Барселона денеска на домашен терен беа поразени од Бетис со 1:0 во натпреварот од 16. коло на Ла Лига.

Каталонскиот клуб сезонава уште еднаш ги разочара своите навивачи, а првиот пораз на клупата на Барселона го претрпе Чави Ернандез.

 

Барселона денеска не блескаше, а целиот плен од Камп Ноу го зеде Бетис, благодарение на Хуанми кој го постигна единствениот гол на натпреварот во 79. минута.

По натпреварот беше одржана прес-конференција на која Чави им се обрати на медиумите кои беа видно разочарани од денешниот пораз.

„Ова е многу несреќен пораз, не заслуживме да загубиме денеска. Имавме среќа против Виљареал и славевме, немавме среќа денеска. Вака не смееме да примаме голови, ова е недозволиво. Повторувам: Не смееме да примаме голови вака од транзицијата.тренинзи на тоа на играчите им пуштаа видео клипови и детално објаснуваа како и што да правиме и денеска примаме гол од транзицијата. Мораме многу да корегираме ние сме виновни за овој пораз , не ја искористивме нашата добра игра од второто полувреме“, започна Чави па продолжи.

„Мемфис Депај мора да се вклопи во стилот на игра и мора да ги разбере нашите идеи. Мора да биде многу похрабар, да шутира повеќе, да дрибла, да биде бестрашен, да игра повеќе еден на еден. Ова беше еден од тие натпревари. каде што сè велеше дека треба да победиш, а на крајот загубивме“.

„Во вакви натпревари мораме да доминираме од првата до последната минута, мора да играме повеќе како што игравме во второто полувреме. Заслуживме барем бод, но што е тоа, тука е. Создаваме можности, но не сме доволно агресивни и конкретни во нападот. се браниме, освен во ситуации кога одиме во контранапад. Тоа е исто така недозволиво. Моравме, само требаше да ја искористиме таа игра од вториот дел“.

Тој рече дека се надева оти овој пораз нема да ја разниша атмосферата во тимот пред решавачкиот натпревар од групната фаза на Лигата на шампионите против Баерн.

„Се надевам дека овој пораз нема да влијае на тоа што го подготвивме за мечот со Баерн. Ќе мора да се бориме како животни ако сакаме да влеземе во нокаут фазата“, заклучи Чави.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.