SportM
Фудбал

Чави подготвува уште еден трансфер кој ќе значи болен удар за Пике

Д М21 јул 2022
Чави подготвува уште еден трансфер кој ќе значи болен удар за Пике

Барселона ова лето одлично си ја врши работата на трансфер пазарот иако е во финансиски проблеми.

 

Помеѓу другите засилувања како Дембеле, Кесие и Кристенсен, пред два дена официјално беше претставено и најголемото засилување ова лето, Роберт Левандовски кој пристигна од Баерн.

 

Пристигнувањата на Камп Ноу не завршуваат тука, со оглед на тоа што Блауграните ги сакаат и Бернардо Силва од Манчестер Сити и Цезар Аспиликуета од Челзи.

Шпанска Марка сега пренесува дека желбите на Чави не завршуваат тука и дека сака да го засили тимот на стоперската позиција, а изборот паднал на Пау Торес од Виљареал.

 

Очигледно, Пау е многу порасположлив за заминување од Ла Керамика во моментов отколку минатото лето кога Тотенхем беше подготвен да плати 55 милиони евра за неговите услуги.

 

Гласините велат дека на Чави Ернандез му се допаѓа Пау и го привлекува идејата тој да биде лев бек, кој исто така ќе има задача да ја внесе топката во противничката половина.

 

Идејата на Чави е да го спои Торес со Роналдо Араухо на централниот бек, што за Џерард Пике, кој со години беше главен централен бек на Барселона, би значело уште еден голем професионалец, но и животен удар.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.