Чави сака да биде тренер: Мојот тим никогаш нема да го игра стилот на Мурињо

Легендарниот играч на Барселона, Чави Ернандес, потврди дека дефинитивно ќе биде вклучен во тренирањето по неговата кариера, a најверојатно ќе започне во младинските категории на Барселона.
Чави отворена зборува дека секогаш имал голема желба да се проба како тренер, но свесен е дека има исклучително тежок пат пред себе. Многу големи фудбалери се обидоа да се испробаат како тренери и на крајот тие не беа успешни, иако имаа неверојатни кариери.
Поранешниот играч од средниот ред на Барса рече дека ќе биде многу трпелив и дека тој нема да се брза за првата работа која ќе му се понуди. Тој, исто така, зборуваше за стилот на играта што ќе се обиде да ја наметне во тимовите што ќе го води, рече дека неговиот тим сигурно нема да го игра стилот на Мурињо.
“Мурињо е многу дефанзивен тренер не е лесно да се игра против таков тим. Неговиот стил е главно фокусиран на одбраната. Јас сакам друг стил и уживам кога тимовите играат офанзивно. МОжам со сигурност да кажам дека мојот тим никогаш нема да го игра стилот на Мурињо.” Рече Чави.
Чави во првиот тима на Барселона беше од 1998 година се до 2015 година, кога се пресели во Катар во Ал Сад. За Барселона одигра 505 натпревари и постигна 58 гола.



