Челси ја одби неверојатната понуда од Баерн

Баерн Минхен испрати навистина голема понуда до Челзи за крилото Калум Хадсон-Одои, но лондонскиот клуб ја одби.
Според британските медиуми, управата на баварскиот гигант му испратила на Челзи понуда да го позајми овој фудбалер до крајот на сезоната, со задолжително купување следното лето за бројка од 70 милиони евра.
Сепак, Челзи ја одби понудата. Тие им се заблагодарија на Баварците за интересот, Френк Лампард рече дека смета на Хадсон-Одои и многу е можно со ова одбивање да заврши приказната за можен трансфер на овој фудбалер.
Баерн, односно првиот човек на трансферите Хасан Салихамиџиќ веќе подолго време се обидува да го донесе репрезентативецот на Англија. Сепак, тешко дека ќе успее и ќе видиме дали ќе се сврти кон некои други опции.
Баварците сигурно ќе бидат многу активни на трансфер пазарот во следните два дена, а прва желба е уште едно крило.



