SportM
Фудбал

Челзи денеска ја заврши најважната работа на летото

Д М5 сеп 2022
Челзи денеска ја заврши најважната работа на летото

Челзи беше исклучително активен во преодниот рок ова лето.

„Сините“ летово решија да направат големи промени во играчкиот кадар, а на засилувања потрошија речиси 300 милиони евра, што е навистина неверојатна сума на пари.

Томас Тухел инсистираше на многу засилувања и челниците на клубот му ги исполнија желбите, но сигурно сега има огромен притисок врз него бидејќи лондонскиот клуб нема да има многу право на кикс.

 

Сепак, навивачите на Челзи веруваат дека и покрај големите засилувања, клубот денеска ја заврши најголемата работа.

Ова е престојот на Рис Џејмс, кој реши да го продолжи договорот со тимот на Челзи, а на Стемфорд Бриџ ќе остане до летото 2028 година.

Овој 22-годишен десен бек имаше договор со сините до летото 2025 година, но по фантастичните игри минатата сезона клубот реши да го награди, а денеска потпиша нов договор.

Секако дека Џејмс сега ќе има значително поголема плата од онаа во претходниот период, но од клубот не сакаа да откријат колку сега ќе заработува англискиот репрезентативец.

Џејмс порасна во дресот на Челзи и дебитираше за првиот клуб во 2019 година. Пред тоа, тој ја помина сезоната на позајмица во Виган.

Исто така, со добрите игри во Челзи, доби повик во репрезентацијата на Англија, за која дебитираше пред две години и успеа да забележи 13 настапи.

Џејмс во досегашниот дел од сезоната одигра пет натпревари во Премиершип за Челзи и постигна еден гол и додаде една асистенција. Во досегашната кариера за сините одигра вкупно 128 натпревари и постигна десет гола и 20 асистенции.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.