SportM
Фудбал

Челзи е новиот шампион на Европа (ВИДЕО)

Д М29 мај 2021
Челзи е новиот шампион на Европа (ВИДЕО)

Вечерва Челзи и Манчестер Сити го одиграа финалниот натпревар од Лигата на шампионите.

Лондонскиот клуб славеше со минимални 1:0.

Двете екипи одлично го започнаа натпреварот, првата сериозна шанса ја имаше Челзи, Тимо Вернер во 15. минута по одличен пас и ситуација еден на еден, шутираше по средината на голот, но не постигна гол.

Сити преку Фил Фоден во 27. минта, иамше одлична шанса, беше во шеснаесетникот, доби одлично додавање, но одбраната на Чези го блокираше ударот со лизгачки старт.

Во 42. минта Каи Хаверц постигна гол и го отвори резултатот, кој потоа се покажа за конечен.

Сити во второто полувреме се обидуваше да постигне гол и да стигне до изедначување, но и покрај големите напори не успеа.

Челзи во второто полувреме играше дефанзивно но имаа одлична шанса во 73. минута кога Хаверц го проигра Пулишиќ но резултатот остана не променет.

Сити само една минута подоцна имаше одлична шанса, Стерлинг ја исптрати топката во шеснаесетникот на Челзи,  но еден од дефанзивците реагира добро и ја исфрли топката.

Следуваа 7 минути продолжение во кое Челзи на секој начин го губеше времето преку прекини.

До крајот на натпреварот Сити  имаше уште неколку шанси, на самиот финиш во 90. минута имаше шанса да изедначи, потоа а само една минута на крајот, но не успеа да изедначи.

Следуваа 7 минути продолжение во кое Челзи на секој начин го губеше времето преку прекини.

Ова е втора титула за Челзи во ЛШ, и прва титула на Тухел.

Агуеро на овој натпревар се прости од дресот на Сити во кој играше 10 години.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.