Тајмаут
Челзи го плати 40 милиони евра, а денеска работи на градилиште (ФОТО)
Поранешниот англиски репрезентативец и скапо засилување на Челзи, Дени Дринквотер (34), наместо уште да игра на најголемите фудбалски терени ширум светот, денеска работи на градилиште. Дени Дринквотер беше еден од најважните членови на неверојатната екипа на Лестер која ја освои титулата во Англија во 2016 година.
Danny Drinkwater back in the graft. 🤣 pic.twitter.com/SvhXJacZah
— jamie (@dingjme) July 22, 2024
Тоа му донесе голем трансфер една година подоцна, бидејќи Челзи во 2017 година го плати речиси 40 милиони евра. Сепак, по неговиот трансфер во Челзи, неговата кариера тргна во надолна линија. Овој играч од средниот ред, кој забележа три настапи за англиската репрезентација, се обиде да ја најде формата на Стемфорд Бриџ, а се испроба и на позајмица во Барнли, Астон Вила, Касимпаша и Ридинг.
Откако не успеа да се врати во најдобрата форма ниту на позајмици, се откажа од обидите и ја заврши кариерата во 2022 година со само 32 полни години живот. По тој повод го изненади фудбалскиот свет, а сега повторно се појави на насловните страници на медиумите.
danny drinkwater’s instagram 😭😭😭 pic.twitter.com/FxzUnX58Pg
— Ryan (@LestahRaz) July 22, 2024
Во текот на кариерата Дринквотер основал компанија која се занимава со реновирање на недвижнини, а по завршувањето на фудбалската кариера целосно се посветил на тој бизнис, па сега често „валка“ раце на градилиштата. Некогаш одличниот играч за врска сподели фотографија од градилиштето, на која еден навивач му одговорил дека „штотуку го допрел дното“. Сепак, одговорот на овој поранешен фудбалер доби бројни пофалби.
“Некои од вас кои коментирате, бидете добри. Сакам да бидам на градилиште. Тоа е чисто мој избор”, му рекол Дринквотер.