Челзи го презеде првиот чекор и му понуди на Хаверц богат договор
Д М10 јун 2020

Каи Хаверц ќе има тешко време да избере нов клуб.
Фантастичниот фудбалер на Баер Леверкузен е мета на европските гиганти, а Челзи, Баерн, Реал Мадрид се борат за неговиот потпис …
Тимот од Леверкузен е подготвен да го ослободи 20-годишниот фудбалер ова лето за цифра од 80 милиони евра. Сите се подготвени да платат, а првиот сериозен чекор го презеде Челзи.
Покрај 80 милиони евра на Леверкузен, лондонскиот клуб му понуди на младиот фудбалер, петгодишен договор од осум милиони евра по сезона.
Сега зависи од Хаверц. Клубот му дозволи да одлучи сам за избор на нов клуб, а одлуката нема да му биде лесна.
Хаверц е навистина неверојатен оваа сезона и на 15 натпревари има постигнато 15 голови и забележа осум асистенции.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



