Челзи и Тотенхем, во трка за Кулибали
Д М3 јан 2020

Централниот бек на Наполи стана мета на најголемите европски клубови. Тој би можел да се пресели во Премиер лигата следното лето
Челзи и Тотенхем влегоа во трката за трансфер на играчот на Наполи, Кулибали.
Веста ја објави британскиот весник „Дејли Стар“.
Тренерите Френк Лампард и Жозе Мурињо го сакаат за следната сезона.
А, стабилниот дефанзивец на неаполски клуб се смета за идеален играч за водење на одбраната.
Двете лондонски екипи имаат сериозни дефанзивни проблеми.
Челзи веќе долго време е обожавател на африканскиот фудбал.
Мурињо го посакува играчот уште од кога беше тренер на „Сините“, а сега го сака во европскиот вицешампион.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



