SportM
Фудбал

Челзи веќе избра наследник на Френк Лампард?

Д М24 јан 2021
Челзи веќе избра наследник на Френк Лампард?

Раководството на Челзи го губи трпението и Френк Лампард наскоро би можел да стане поранешен менаџер.

Лампард е икона на Челзи, како играч направи големи работи на „Стемфорд Бриџ“, но како тренер осцилира. Тој имаше добар почеток од Челзи, но во последно време игра доста слабо.

По поразот од Лестер, шансите Ламард да добие отказ се зголемија, а англиските медиуми веќе широко дискутираат за неговиот наследник.

Според Мирор, тој би можел да дојде од Лестер, а станува збор за поранешниот менаџер на Ливерпул, Брендан Роџерс, кој работеше и во Селтик.

Во Челзи беа воодушевени од работата на Роџерс во Лестер, верувајќи дека може да го стори истото на клупата за тимот од Западен Лондон.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.