Челзи верува во методите на Лајпциг – „Сините“ го доведоа директорот на „биковите“!

Фудбалскиот клуб Челзи денеска го назначи Кристофер Вивел за нов технички директор.
Вивел дојде од Лајпциг, каде што беше одговорен за доведување и извидување во сите возрасни групи. Исто така, таму ја координираше општата стратегија за формирање на тимот во пошироката фудбалска група Ред Бул, се вели во соопштението на Челзи.
Вивел претходно помина пет години во сестринскиот клуб на Лајпциг Салцбург како шеф на скаутингот, а пред тоа беше и скаут на првиот тим во Хофенхајм.
„Челзи го гради највозбудливиот проект во светскиот фудбал и јас сум исклучително горд што му се приклучив на клубот. Има многу потенцијал клубот да продолжи да успеси, да се развива и расте. Под новото раководство, тренерот Греам Потер и поширокото спортски тим, постои јасна и одржлива филозофија заснована на анализа на перформанси, податоци и иновации и со нетрпение очекувам да учествувам во неа“, рече Вивел.



