SportM
Фудбал

Четири се премалку: Чудесната машинерија на Чави го посрамоти Реал во срцето на Мадрид

Д М20 мар 2022
Четири се премалку: Чудесната машинерија на Чави го посрамоти Реал во срцето на Мадрид

Барселона му наплати на Реал Мадрид за сите порази во последните години на стадионот „Сантијаго Бернабеу“.

Машинеријата на Чави Ернандез одигра феноменален натпревар и славеше со 0:4, а впечаток е дека победата можеше да биде уште поубедлива.

Натпреварот започна со големи можности од двете страни. Му недостигаа Валверде на домашниот тим и Аубамејанг и Дембеле за гостите.

После тоа, Торес се најде во две добри шанси, но вечерва не успеа да најде пат до мрежата на прилично лошите „Лос Бланкос.

Резултатот се промени во 29. минута. Дембеле направи се добро по десната страна, уфрли, а топката ја смести Обамејанг со глава зад грбот на Куртоа.

Во 36. минута Винисиус можеше да израмни, излезе сам пред Тер Штеген, но наместо да шутира срамно симулираше и пропушти голема шанса.

Барселона замина на одмор со два гола предност. За тоа се погрижи Роналд Араухо, кој погоди по корнер и нова асистенција на Дембеле.

Второто полувреме Каталонците го започнуваат фуриозно. Торес промашува голема шанса, но минута подоцна беше прецизен за 0:3.

Конечниот резултат беше поставен во 52. минута. Обамејанг постигна гол, а помошниот судија непотребно го крена знамето. По прегледувањето на снимката во ВАР собата, беше одлучено дека голот е валиден.

До крајот на натпреварот гостите имаа многу добри ситуации за да постигнат уште еден гол. Се издвојува ситуацијата од 73. минута кога Дембеле се заплетка во шеснаесетникот на Реал и шутираше покрај стативата.

Со оглед на се, сосема заслужената победа на Барселона, 97-ма во дуелите со Реал, за која од витално значење беше отсуството на Бензема.

Реал остана прв на табелата со 66 бодови, додека Барселона има 54 и тешко е за верување дека ќе успее да го предизвика најголемиот ривал во борбата за титулата, но оваа победа секако влева оптимизам за наредниот период.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.