SportM
Фудбал

Читач од усни откри што му рекол Гвардиола на Салах на крајот од дербито

Д М19 окт 2022
Читач од усни откри што му рекол Гвардиола на Салах на крајот од дербито

Читач од усни тврди дека знае точно што му рекол менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола на Мохамед Салах на крајот од неделното дерби.

Ливерпул победи со 1:0 на „Енфилд“ со голот на Мохамед Салах, а камерите го забележаа моментот кога веднаш по крајот на мечот Пеп му пријде на Египќанецот и му кажа нешто. Мо ја покри устата со рака, но усните на Пеп беа видливи за време на говорот, па читател од усните откри што му рекол на ѕвездата на црвените.

Пеп спортски му подаде рака на Салах, иако беше бесен по поништувањето на голот на Фил Фоден, а навивачите на трибините фрлаа парички кон него.

Професионалниот читач на усни Џон Касиди го анализираше нивниот разговор и верува дека знае што му рекол Гвардиола на напаѓачот на Ливерпул.

„Ти посакувам добра сезона, добра игра, а ти што има?“, наводно рекол Гвардиола во краткиот разговор со египетскиот репрезентативец.

Претходно се сугерираше дека Пеп има што да му каже на Салах во врска со судиските одлуки, но се чини дека тој бил пријателски настроен кон противничкиот играч.

Говорејќи по натпреварот, и Гвардиола и играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Бернардо Силва, тврдеа дека судијата Тејлор згрешил што го поништил голот на Фоден поради претходен фаул.

“Имаше милион прекршоци. Но, откако постигнавме гол, тој одлучи да не игра повеќе. Ова е Енфилд”, изјави Гвардиола.

Граѓаните останаа на второто место на табелата во Премиер лигата со четири бода заостанување зад водечкиот Арсенал. Што се однесува до Ливерпул, тие се искачија на осмото место откако ја освоија третата сезонска победа во лигата, но се уште се далеку од врвот.

Во средината на оваа недела се игра и Премиер лигата. Ливерпул вечерва го пречекува Вест Хем, додека Сити во друг момент ќе го одигра дуелот со Арсенал.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.