Чудесна изјава на Гвардиола пред преговорите на клубот со Халанд: Не ни треба напаѓач

Манчестер Сити е еден од клубовите со кои е поврзан Ерлинг Халанд.
Менаџерот Мино Раиола и таткото на одличниот напаѓач Алф-Инге Халанд вчера беа во Барселона и Мадрид на преговори, а деновиве се закажани средби со заинтересирани клубови во Англија.
Луѓето од Манчестер Сити ќе бидат на состанок со момците на Халанд, но изјавата на менаџерот Пеп Гвардиола значително ги намалува шансите одличниот напаѓач да дојде на „Етихад“.
“Имаме доволно играчи во првиот тим и интересни играчи од академијата. Со моменталната економија во светот на фудбалот, нема да потпишеме напаѓач”, изјави Пеп Гвардиола.
Серхио Агуеро го напушта клубот на крајот на сезоната, а Пеп зборуваше за потенцијална замена за него.
„Да бидам јасен – можеби можеме да најдеме играч кој ќе го замени, но според она што тој го направи за клубот, никој не може да го направи тоа“, истакна Пеп Гвардиола.



