Чудо од дете: ПСЖ веќе му плаќа милиони, а неговата популарност на Инстаграм е неверојатна

Минатата година, 16-годишниот Чави Симонс реши да го напушти познатото фудбалско училиште Ла Масија во Барселона и да потпише за ПСЖ.
Овој талентиран фудбалер сега ја гради својата кариера во редовите на францускиот великан, а покрај тоа што би можел да биде фудбалска sвезда во иднина, тој веќе го има направено тоа на Инстаграм.
Повеќе од два милиони луѓе го следат овој 16-годишник на Инстаграм. Тој е исклучително популарен на социјалните мрежи и очигледно нема потреба да се грижи за иднината, без разлика како се движи неговата кариера.
https://www.instagram.com/p/BxX2CRMAl1j/?utm_source=ig_embed
Симонс во ПСG веќе има договор за милион фунти годишно. Тоа е секако најголемата бројка што ја заработува еден ваков млад играч, а исто така има и богат договор со Најк чии детали не се познати.
Чави е син на поранешниот фудбалер Реџилио Симонс. Роден е во Амстердам и го доби името по легендата на Барселона, Чави Ернандез.
„Татко ми отсекогаш бил идол за мене. Тој знае сè за фудбалот, тој често ме критикува, но секогаш ми ја кажува вистината“, рече Симонс.
https://www.instagram.com/p/B1MfrjUIXCN/?utm_source=ig_embed
Останува да се види дали тој ќе ја направи кариерата што ја предвидува во наредните години, но она што е сигурно е дека тој веќе заработи прилично добра цифра за момче од 16 години.



