Чудо во НБА: Тинејџер постигна 42 поени и со неверојатна партија влезе во историјата (ВИДЕО)

Годинешниот прв избор на НБА драфтот, Купер Флег, испиша историја во најсилната кошаркарска лига во светот.
Осумнаесетгодишниот крилен кошаркар пристигна во лигата како генерациски талент, Далас го избра како прв пик на драфтот, а тој ноќеска во дуелот против Јута Џез покажа зошто минатото лето сите го посакуваа во својот тим.
Флег беше херојот на Далас, бидејќи постигна, верувале или не, 42 поени, со што влезе во историјата на НБА лигата како прв 18-годишник кој успеал на еден натпревар да постигне 40 или повеќе поени. Така го сруши рекордот на Леброн Џејмс, кој Кралот го постави во 2001 година, кога како 19-годишник постигна 41 поен во дресот на Кливленд.
Флег, кој за пет дена ќе го прослави 19. роденден, беше актер на неверојатен натпревар меѓу Далас и Јута, кој неговите Маверикс го загубија со дури 140:133 по продолжение.
Крилниот кошаркар на Далас постигна 42 поени шутирајќи од игра 13/27. За два поена шутираше 12/23, а зад линијата од 7,24 метри имаше 1/4. Реализираше 15 слободни фрлања од 20 обиди.
Покрај одличниот поентерски учинок, Флег имаше и седум скока, подели шест асистенции, како и две блокади и една украдена топка.
Херои на Јута, за која не настапи Јусуф Нуркиќ, беа Кајонте Џорџ и Лаури Марканен. Џорџ постигна 37 поени, додека Финецот блесна со 33 поени и 16 скокови.



