Фудбал
Чурлинов за дуелите со Летонија и Фарски Острови: Домашниот терен е мотивација за нас!
Македонската фудбалска репрезентација ја очекуваат последни два меча од групната фаза од Лигата на нации. Противници се селекциите на Летонија и Фарски Острови. Македонија во моментов е лидер во групата, а планира да остане таму.
-Домашниот терен е наша мотивација за победа на претстојните мечеви. Нема да бидат лесни натпреварите, денеска сите селекции се на високо ниво. Важно за тимот е да бидеме успешни, ќе добиеме на самодоверба, а тоа може многу да ни значи за идните предизвици, изјави Дарко Чурлинов.
Македонија против Летонија игра на 14-ти ноември (20:45 ч.), а три дена подоцна против Фарски Острови (15:00ч).