SportM
Фудбал

„Да, имаме заразени играчи, но атмосферата е – здрава“.

Д М4 јул 2020
„Да, имаме заразени играчи, но атмосферата е – здрава“.

Белорусија беше меѓу единствените земји каде се играше фудбал за време на пандемијата на коронавирус.

Белорусите ја започнаа сезоната во март и одиграа 15 кола досега, како ништо да не се случило, а на Федерацијата таму не му е грижа ниту сега кога фудбалерите се болни.

Инфекцијата се шири низ соблекувалната на локалниот шампион Динамо од Брест. Медиумите пишуваат дека најмалку тројца фудбалери се позитивни на КОВИД-19, но генералниот директор на овој клуб, Сергеј Воробиов, се обидел да ја смири ситуацијата.

И, како што рече, веднаш се карактеризирало како – изјава на годината.

“Да, навистина има болни играчи во нашиот тим. Неколку клучни играчи се контролираат, тие направиле тестови, но нашата атмосфера е здрава”, рече Воробиов.

Во првенството, Динамо Брест моментно е на четвртото место со 26 бода, четири помалку од водечкиот БАТЕ Борисов.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.