Фудбал
Даде бизарна изјава дека Кореецот Сон и соиграчите изгледаат исто, па го суспендираа на 7 меча!
Бентанкур, зборувајќи за репрезентацијата на Јужна Кореја на една уругвајска ТВ станица, рече дека Сон и сите негови соиграчи/сонародници изгледаат исто. ФА соопшти дека Бентанкур употребил навредливи зборови.
„Се вели дека играчот од средниот ред на Тотенхем го прекршил Правилото Е3.1 на ФА со тоа што се однесувал на несоодветен начин и/или употребил навредлив јазик и/или ја омаловажувал играта.
Бентакур е обвинет за наводно прекршување на Правилото Е3 на ФА за недолично однесување во врска со интервју за медиуми. Неговата изјава претставува „сериозно прекршување“ како што е дефинирано во Правилото Е3.2 на ФА, бидејќи вклучувало повикување, директно или преку импликации, на националност и/или раса и/или етничко потекло“, се вели во соопштението на ФА. Бентанкур набрзо му се извини на својот соиграч Сон, но тоа беше залудно. Тој е суспендиран за следните седум првенствени натпревари, но ќе може да настапи за клубот на претстојните натпревари во Лига Европа со Рома и Ренџерс. Дали знаете нешто повеќе за темата или сакате да пријавите грешка во текстот?