Дајте му медал за глупост: Го покоси соиграчот со лизгачки старт, веднаш протече крв (ВИДЕО)

Бевме сведоци на неверојатна ситуација во Полска.
Бизарен, а воедно и многу немил настан се случи во петокот на натпреварот помеѓу Ресовија Жешов и Висла Краков.
Домашниот играч од средниот ред Бартош Квисиен го пресече соиграчот Рубен Хугенхаут со остар лизгачки старт. Холандскиот дефанзивец Ресовија беше тешко повреден, а веднаш му се појави крв на ногата.
Во 44. минута, дефанзивецот на Ресовија, Рубен Хугенхаут налета на топката со намера да упати удар надвор од шеснаесетникот. Сепак, тој не го упати ударот, бидејќи неговиот обид беше блокиран од неговиот соиграч.
По лизгачкиот старт, чевелот веднаш му паднал од ногата, а од глуждот почнала да тече крв.
https://twitter.com/TomekSzczygiel/status/1550562192449232899?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1550562192449232899%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsportsport.ba%2Ffudbal%2Fpovrijedio-saigraca-klizeci-start%2F430388
„Бартош Квисиен отсекогаш имал квалитети на месар, но ретко е да се избрише соиграч“, резимира новинарот Михал Трела на Твитер.



