SportM
Фудбал

„Дајте пари или нека ви игра голфер“

Д М25 авг 2021
„Дајте пари или нека ви игра голфер“

Нема сомнение дека трансферот на Меси во ПСЖ е главната приказна ова лето во светот на фудбалот.

Аргентинецот направи вистински бум со преселбата од Барселона во Париз.

Така беше формирано ударното трио Нејмар-Меси-Мбапе, но многу е можно да не го видиме на дело.

Раководството на ПСЖ е во дилема бидејќи договорот на Мбапе со овој клуб истекува на крајот на сезоната, а летово Реал сака да го доведе во своите редови за сума од неколку милиони долари.

Калиф Ал Тани, братучед на сопственикот на тимот од Паркот на принцовите, Насер Ел Калеифи, напиша интересна порака на Твитер, која се однесува на Реал Мадрид и Герет Бејл.

“Ако имате пари за договорената цена, контактирајте. Или нека ви игра голферот игра за вас цела сезона”, напиша тој.

Голферот што го споменува е без сомнение фудбалер од Велс, кој самиот изјави дека голфот му станал поинтересен од фудбалот.

https://twitter.com/khm_althani/status/1430294877183565829

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.