Дали е на повидок нов скандал? ФБИ ги истражува сметките на Фудбалската асоцијација на Аргентина!

Американските федерални истражители започнаа истрага против Фудбалската асоцијација на Аргентина (AFA) поради сомневања за финансиски малверзации за време на Светското првенство во 2026 година.
ФБИ и обвинителите од Вашингтон и Мајами ги проверуваат тековите на стотици милиони долари од спонзорски договори кои поминале
низ американскиот банкарски систем.
Под посебна истрага е компанијата TourProdEnter LLC од Флорида, преку чии фиктивни компании наводно биле префрлени најмалку 42 милиони долари.
🚨 𝗕𝗥𝗘𝗔𝗞𝗜𝗡𝗚: The FBI is investigating the finances of the Argentine Football Association in the United States for alleged fraud and money laundering.
— @LANACION pic.twitter.com/Vjm7GlZ0nF
— The Touchline | 𝐓 (@TouchlineX) July 8, 2026
Истрагата треба да утврди дали овие трансфери биле користени за перење пари, даночно затајување и електронска измама.
Оваа меѓународна акција следува откако властите во Аргентина веќе извршија претреси во седиштето на асоцијацијата и во повеќе од 17 професионални клубови.
Таму, судот кон крајот на 2025 година подигна обвинение против претседателот на асоцијацијата, Клаудио Тапија, и благајникот Пабло Товигин, поради даночно затајување во износ од 13 милиони долари.
Од друга страна, раководството на AFA остро ги отфрла сите обвинувања и тврди дека нивното работење со американската агенција е целосно легално.
Тие нагласуваат дека медиумските извештаи се пристрасни и дека претставуваат организирана кампања со цел институционална дестабилизација на аргентинскиот фудбал.



