Фудбал
Дали е тука крајот на кариерата на Родри, има 29 години, но проблемите се натрупуваат?!
Шпанскиот играч од средниот ред Родри (29) требаше да има триумфално враќање дома вечерва на гостувањето на неговиот Манчестер Сити кај Виљареал во рамките на Лигата на шампионите, но натпреварот ќе го пропушти поради опоравување од повреда на тетивата на коленото.
The Athletic пишува дека ова само ги продлабочило сомнежите за неговата способност да се врати во врвна форма, една година по тешката операција на коленото.
Родри блескаше последните години, редејќи трофеи со Сити, а откако минатата година со Шпанија го освои Европското првенство, беше крунисан и со Златна топка.
Сепак, Родри сега се наоѓа на пресвртница во кариерата бидејќи следуваа низа помали повреди, по тоа што во септември минатата година го искина предниот вкрстен лигамент.
Родри тогаш го доживеа еден од најлошите можни сценарија, бидејќи освен предниот вкрстен лигамент, ги оштети и двата менискуса…
Since returning from his ACL surgery in May, Rodri has suffered three different injuries 🤕
So is the 2024 Ballon d'Or winner permanently broken, and what does that mean for his future? 😢
— GOAL News (@GoalNews) October 21, 2025
Пеп Гвардиола предвидуваше пауза и до 12 месеци, но Родри се врати на теренот за помалку од осум, и од оваа перспектива се чини дека клучната грешка било неговото играње на Светското клупско првенство.
Гвардиола мораше да го извади од игра во полуфиналето поради проблеми со препоните, а и недели подоцна изнесуваше загрижувачки информации дека Родри не може да се носи со ритамот на натпреварите.
Сепак, Родри повторно започна натпревар против Брентфорд, но издржа само 22 минути пред нова повреда на тетивата, по што сигурниот Шпанец повторно мораше на присилна пауза.
Така, во нешто повеќе од една година, од добитник на Златната топка Родри стана играч чиja кариера е во опаѓање, и останува прашањето дали и кога Сити повторно ќе ризикува да го врати назад на теренот.