SportM
Фудбал

Дали е време Симеоне и Атлетико да се разделат?

Д М27 окт 2022
Дали е време Симеоне и Атлетико да се разделат?

Фудбалерите на Атлетико Мадрид синоќа ремизираа со Баер Леверкузен во 5. коло од групната фаза на Лигата на шампионите и со тоа загубија секаква шанса за продолжување на натпреварувањето.

Атлетико важеше за најголем фаворит за освојување на групата во која се уште Порто и Клуб Бриж, но непријатно ги изненадија своите навивачи со само една победа и тоа на отворањето на натпреварувањето.

Така, само Реал Мадрид ќе ја претставува шпанската Ла Лига во осминафиналето на Лигата на шампионите од можните четири клуба, бидејќи во Лига Европа се пробија и Барселона и Севиља.

На крајот на краиштата, се поставува прашањето – што понатаму за Атлетико? Претходните години трошеа баснословно, но ниту едно од тие засилувања не го оправда богатството што беше вложено. Пред се Жоао Феликс.

Диего Симеоне е под притисок иако ужива во љубовта на навивачите на „Јорганџиите“. Но, фудбалот кој Атлетико го игра со години не е фудбал за кој би платиле, а освен титулата во Ла Лига од пред две години, нема поголеми резултати.

„Ова е мојот најтежок момент во клубот досега, но ќе продолжам да инсистирам клубот да го добие она што му треба. Можеби тоа е Лигата на шампионите “, изјави Симеоне.

Во моментов нема намера да го напушти Атлетико. Неговиот договор истекува во 2024 година и прашање е дали ќе го продолжи. Тој е тренер на мадридскиот клуб од 2011 година.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.