Дали фудбалерот на Јувентус ја кажа најсуровата вистина за фудбалот?

Американскиот играч за врска Вестон Мекени му се приклучи на Јувентус во летото 2020 година од Шалке.
Минатата сезона ја мина на позајмица во тимот од Гелзенкирхен, а од оваа сезона тренерот на Старата дама Масимилијано Алегри му дава повеќе простор за игра.
Американецот во досегашниот дел од сезоната во дресот на торинскиот клуб настапи на вкупно 24 натпревари во сите натпреварувања, а четири пати успеа да се запише во листата на стрелците.
Иако е стандарден во тимот и нема проблеми со минутажата, овој 23-годишен фудбалер од Тексас даде многу интересна изјава во која кажа една многу сурова, ако не и најсурова вистина кога е фудбалот во прашање.
„Што научив во Јувентус? Научив дека фудбалот е голема работа и дека можам да те заменам исто како што те донесоа“, изјави Мекени.
За потсетување, Мекени ја започна својата кариера во Академијата Далас во својата земја, за во 2016 година да се приклучи на тимот на Шалке С19. Како што веќе споменавме, тој од 2020 година е член на Јувентус.
Тој веќе има 31 настап за фудбалската репрезентација на САД и постигна девет гола.



