Connect with us

Тајмаут

Дали го видовте оваа ремек-дело? Новиот дрес на Рома ги воодушеви навивачите – нема ни да прашаат за цената

Италијанската Рома вчера го претстави новиот трет дрес за претстојната сезона, а неговиот изглед ги воодушеви навивачите како никогаш досега.

Германскиот бренд Адидас, кој е снабдувач на опрема за клубот од Олимпико, создаде вистинско ремек-дело – прекрасен бел дрес со зелени и златни детали.

На дресот, наместо класичниот грб, е испишана скратеницата „ASR“, што значи AS Roma, логото на Адидас е поставено на десната страна од градите, а на јака доминира зелената боја.