Дали Халанд ќе го промени клубот ова лето?

Младиот напаѓач на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд ги воодушеви апсолутно сите во светот на фудбалот.
19-годишниот фудбалер беше брилијантен на почетокот на сезоната во дресот на Салцбург потоа се пресели во тимот на Дортмунд за само 20 милиони евра оваа зима.
Халанд ја избра Борусија како тим каде што може да направи најголем напредок. Таму ги продолжи своите прекрасни игри и постигна 40 гола на 33 натпревари оваа сезона.
Сепак, според „Билд“, Халанд би можел да го напушти клубот на лето. Јувентус е подготвен да го купи од Борусија за сума од 75 милиони евра, што е во клаузулата во договорот.
Добро познатиот агент Мино Рајола може да игра важна улога во сè. Тој има одлична врска со Јувентус, а се грижи за кариерата на еден одличен Норвежанец и нема да биде ни чудо ако Халанд заврши во Јувентус.
Тимот од Торино е во потрага по класичен напаѓач, а покрај Халанд, Старата дама се поврзува и со Мауро Икарди.



