Connect with us

Фудбал

Дали Миралем Пјаниќ ја потврди конечната одлука со овие зборови на Инстаграм?

Фудбалерот на репрезентацијата на БиХ, Миралем Пјаниќ е интензивно поврзан со Барселона, но клубовите не се во можност да најдат заеднички јазик.

Играчот од средниот ред ова лето сакаат да го доведат Барселона, ПСЖ и Манчестер Јунајтед. Тој наводно ги прифатил условите на Каталонците уште порано, но размената со Барселона не била остварлива, пред се затоа што тимот од Торино го сакал Артур Мело, а Бразилецот упорно одбивал да ја напушти Шпанија.

Каталонските гиганти тогаш им понудија играчи како Иван Ракитиќ, Артур Видал и Усман Дембеле, но Јувентус ги отфрли сите понуди и наводно, според најновите информации, го сака Френки де Јонг.

Сагата продолжува, тешко е во овој момент да се каже дали има голема шанса Пјаниќ да заврши во Барселона, иако многумина се сомневаат по последниот пост на Пјаниќ на Инстаграм.

Имено, тој објави фотографија во прегратка со своите соиграчи од Старата дама со порака: „И сега, ајде да победиме заедно“. Дали тоа значи конечна потврда за неговата одлука да остане во Торино?

Да, Пјаниќ веројатно ја објави фотографијата откако дозна дека Серија А ќе се врати во јуни, но може да значи и какви се неговите планови во иднина.