SportM
Фудбал

Дали Мурињо ќе го прекрши ветувањето кое го даде пред 10 дена и ќе и заби нож во грб на Рома?

Д М5 јун 2022
Дали Мурињо ќе го прекрши ветувањето кое го даде пред 10 дена и ќе и заби нож во грб на Рома?

Француските медиуми денеска објавија дека Жозе Мурињо е еден од кандидатите за нов тренер на ПСЖ.

Веќе извесен период се шпекулираше дека челниците на францускиот клуб ќе го отпуштат Маурицио Покетино на крајот од оваа сезона бидејќи не се задоволни од неговите резултати и тоа што не успеа да ја исполни главната цел, а тоа е да ја освои шампионската титула.

Првата желба на ПСЖ беше Зинедин Зидан, до кого испратија официјална понуда, но поранешниот тренер на Реал Мадрид одби бидејќи целта му е следната работа да биде во францускиот стручен штаб.

 

Поради тоа парижаните мораа да почнат да бараат нов тренер, а наводно на списокот е и Мурињо.

 

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.