Connect with us

Други спортови

Дали Новак Ѓоковиќ ќе поднесе тужба, убавицата освои милиони на суд, а на Ѓоковиќ нема да му биде прв пат!

Новак Ѓоковиќ не успеа да се пласира во осминафиналето на турнирот во Рим, бидејќи во третото коло загуби од Алехандро Табило (6:2, 6:3). Тој го одигра еден од најлошите натпревари, губејќи за нешто повеќе од еден час игра и беше очигледно дека е далеку од своето ниво.

Дали му влијаело ударот со шише во глава? Можеби е, бидејќи и самиот зборуваше за тоа на прес-конференцијата. Дали тоа значи дека може да ги тужи организаторите на турнирот во Рим? Не се знае дали воопшто размислува во таа насока и дали е тоа опција, но една тенисерка го направи токму тоа и победи на суд.

Тоа е Ежени Бушар. Убавата канадска тенисерка беше принудена да се повлече од натпреварувањето на УС Опен во 2015 година. Потоа, по мечот во мешани двојки, каде играше со Ник Киргиос, отиде во соблекувалната и се лизна и падна таму. Подот бил влажен, таа во таа прилика ги повредила главата и рамото, а поради потрес на мозокот и советите на лекарот решила да се откаже од натпреварувањето и потоа  поднела тужба. Точната бројка не е позната, но странските медиуми објавија дека таа „примила милионска отштета“.

Може ли Новак да го стори истото? Веројатно може, но прашање е дали ќе го направи тоа. Тоа не би било прв пат, бидејќи го тужеше Рио де Жанеиро поради егзибициониот натпревар со Густаво Куертен во 2012 година. Се обиделе да го измамат и да не му ја исплатат ветената заработка, па по тужбата добил 637.000 американски долари.

Advertisement