SportM
Фудбал

Дали оваа изјава ќе донесе нов раздор меѓу Мбапе и Нејмар?

Д М1 окт 2022
Дали оваа изјава ќе донесе нов раздор меѓу Мбапе и Нејмар?

Спортскиот директор на ПСЖ, Луис Окампос, привлече големо внимание на себе по неговата последна изјава.

 

Имено, тој изјави дека трансферите на Нејмар и Мбапе во парискиот клуб биле грешка.

 

Луис Кампос во едно интервју изјави дека ПСЖ не требало да вложи толку пари за краток период за двајца многу вредни играчи кои играат на иста позиција.

Изјавите доаѓаат во контекст кога односот меѓу Килијан Мбапе и Нејмар не е баш добар, пренесуваат француските медиуми.

 

Луис Кампос навести дека трансфер стратегијата на ПСЖ е погрешна и дека оваа ситуација му наштетила на клубот.

 

„Последниве години се правеа грешки бидејќи двајца играчи беа ангажирани на иста позиција. Трансфер кампањата не беше многу добра, бидејќи неколку фудбалери беа доведени на иста позиција, а другите позиции не беа покриени“, изјави Луис Кампос, а пренесува медиумот Марка.

Во 2017 година, Нејмар се пресели во ПСЖ од ФК Барселона за 222 милиони евра, што сè уште е најскапиот трансфер во историјата на фудбалот. Килијан Мбапе во ПСЖ дојде од Монако, првично на позајмица, во 2017 година, за што беа платени 180 милиони евра.

 

Иако ПСЖ под водство на овие фудбалери со додавањето на Лионел Меси игра многу добро, двоецот Мбапе-Нејмар воопшто не може да се толерира.

 

Угледниот француски весник „Л’Екип“ донесе интересна приказна и тврдат дека „Мбапе не го сака Нејмар во ПСЖ“ и пишува за многу напнатиот однос меѓу двајцата фудбалери.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.