Поврзи се со нас

Фудбал

Дали Паратичи го навестува враќањето на Пол Погба во Јувентус?

Директорот на Јувентус, Фабио Паратичи зборуваше за Пол Погба и неговото можно враќање во клубот.

Тој не ја исклучи можноста Погба да се врати во тимот на Јуветнус во иднина, но смета дека е рано да се зборува за потенцијални засилувања.

“Размислувавме само за Мората затоа што ни требаше таков тип на фудбалер. Кога зборуваме за Погба, тој во моментов е играч на Манчестер Јунајтед и многу е рано да се зборува за можни засилувања”, рече Паратичи и додаде:

“Погба ни даде многу и секогаш ги цениме поранешните играчи кои ги дадоа своите последни атоми на сила на Јувентус. Фокусирани сме на тимот што го имаме, но во јануари треба да размислиме дали сакаме да донесеме некого”, заклучи енигматично Паратичи.

loading...

Facebook