SportM
Фудбал

Дали Реал има нов паразит? Во тимот небитен, а на поранешниот клуб му донесе повеќе од 10 милиони!

Д М2 мај 2022
Дали Реал има нов паразит? Во тимот небитен, а на поранешниот клуб му донесе повеќе од 10 милиони!

Се чини дека полека но сигурно Герет Бејл го добива својот наследник во Реал Мадрид.

И додека Велшанецот ја загуби волјата да игра за Реал, истото не може да се каже и за Еден Азар, но реалноста е дека и двајцата играчи се на страна.

Азар е едно од најпознатите имиња во тимот на Лос Бланкос, но поради постојаните повреди почесто е надвор од теренот, па практично е ирелевантен во хиерархијата на Карло Анчелоти.

Белгиецот со недели е надвор од терените, а последниот меч го одигра во средината на февруари и најверојатно нема да биде до крајот на сезоната.

За 31-годишниот играч беа исплатени 100 милиони евра, но таа сума дополнително ќе се зголеми доколку се исполнат одредени бонуси.

Кога Реал пред две години стана шампион на Шпанија и се пласираше во Лигата на шампионите, кралевите му платија на Челзи дополнителни 20 милиони бонуси.

А, новата титула која ја освои шпанскиот шампион значи дека кралевите ќе треба да му платат уште 10 милиони евра на лондонскиот клуб, што е се само не занемарлива бројка.

Доколку Реал Мадрид стане европски првак во периодот кога член на тимот беше Азар, вкупните трошоци за трансфери со бонуси би можеле да изнесуваат неверојатни 150 милиони евра.

Азар пристигна на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ пред три лета. Досега успеа да собере само 65 настапи со шест гола и 10 асистенции.

Откако пристигна во Реал за помалку од три сезони, тој имаше дури 15 повреди и пропушти речиси 70 натпревари. За тоа време заработил околу 70 милиони евра плата.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.