SportM
Фудбал

Дали се сеќавате на Хонда? Тој денес потпиша за нов клуб, но воопшто не изгледа среќен

Д М15 мар 2021
Дали се сеќавате на Хонда? Тој денес потпиша за нов клуб, но воопшто не изгледа среќен

Поранешниот јапонски репрезентативец Кеисуке Хонда има нов клуб.

Поранешниот играч за врска на Милан и ЦСКА Москва потпиша договор до крајот на сезоната со тимот на Нефтчи Баку од Азербејџан.

Многу интересен потег на 34-годишниот Јапонец кој го имаше последниот ангажман во Бразил како играч на Ботафого, а играше и во Австралија и Мексико.

Тој неодамна потпиша за португалски Портимоненсе, и бидејќи не можеше да биде регистриран, договорот веднаш беше раскинат, па Хонда тргна кон Азербејџан.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.