SportM
Фудбал

Дали се сеќавате на најлудиот потег на Луис Суарез? Тој побара пенал бидејќи голманот играше со рака (ВИДЕО)

Д М11 јан 2021
Дали се сеќавате на најлудиот потег на Луис Суарез? Тој побара пенал бидејќи голманот играше со рака (ВИДЕО)

Луис Суарез е без сомнение еден од најдобрите напаѓачи на светот во изминатите десет години.

Искусниот Уругваец освои се што можеше во дресот на Барселона, а на 33-годишна возраст игра навистина феноменален фудбал во Атлетико Мадрид.

Во текот на својата кариера, Суарез имаше бројни скандали. Ги гризна противниците на теренот, беше обвинет за расизам, што му донесе бројни суспензии.

Сепак, неговата кариера имаше и смешни страни. Веројатно најлудата работа што ја направи се случи во 2019 година на Копа Америка на натпреварот помеѓу Уругвај и Чиле.

Суарез влезе во шеснаесетникот и голманот Габриел Ариас се најде пред него, и успеа да го одбрани ударот.

https://youtu.be/b1l-Z96_2h8

На ова Суарез започна да ги крева рацете и сигнализира дека тоа е пенал. Сепак, тој брзо сфати дека има голман пред него и дека неговиот удар е спречен и тој веднаш престана да протестира.

На истиот натпревар, Суарез имаше уште еден интересен протест. Тој побара од судијата да го исклучи Гонзало Јара затоа што чилеанскиот дефанзивец го сопна навивачот кој влезе на теренот.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.