SportM
Фудбал

Дали знаевте дека во еден град е забрането носење дресови на ПСЖ во недела?

Д М20 авг 2020
Дали знаевте дека во еден град е забрането носење дресови на ПСЖ во недела?

Финалето на Лигата на шампионите за сезоната 2019/20 ќе се одигра во недела во Лисабон, а ПСЖ и Баерн ќе се борат за трофејот.

Тоа е одлична можност и за двата тима да стигнат до трофејот. Фудбалерите на ПСЖ ќе бидат особено мотивирани затоа што ова е нивно прво финале во Лигата на шампионите, но Баерн покажа дека тие се првиот фаворит оваа сезона, особено на натпреварот против Барселона.

Баерн ќе има поддршка насекаде во светот, дури и во Франција, од каде доаѓа ПСЖ. Имено, како што објави „Ле Парисиен“, во градот Марсеј на југот на Франција, градскиот совет донесе одлука да го забрани носењето дресови на ПСЖ во недела, денот на финалето.

Наведено е дека на овој начин сакаат да „спречат нарушување на каков било јавен ред и мир“.

Не е познато како оние што имаат ознака ПСЖ во Марсеј таа ноќ ќе бидат казнети, но се верува дека казните ќе бидат доста високи.

Оваа уредба доаѓа по напнатата вечер во Марсеј во вторникот кога играа ПСЖ и Лајпциг. Стотици приврзаници на Марсеј се собраа вечерта, пеејќи против ПСЖ и навиваа за германскиот тим.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.