SportM
Кошарка

Дамјан Стојановски кажа крај, нема да игра повеќе за Македонија!

E R25 фев 2025
Дамјан Стојановски кажа крај, нема да игра повеќе за Македонија!

Фото: tv21m

По две децении минати во македонскиот националниот дрес Дамјан Стојановски вечерва официјално стави крај на својата репрезентативна кошаркарска кариера.

Капитенот на актуелниот македонски првак МЗТ Скопје Аеродром се збогива со националниот дрес пред вечерашниот дуел на Македонија против Полска во рамки на завршното коло во групата Х во квалификациите за пласман на Евробаскетот 2025.

Пред натпреварот во СРЦ „Кале“ раководството на македонската Кошаркарска федерација на Дамјан Стојановски му подарија врачен дрес со бројот 19.

Дамјан Стојановски дебитираше за Македонија пред 20 години и беше дел од генерацијата која на Европското првенство во 2011 година го освои четвртото место.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.