SportM
Фудбал

Дани Алвес вели дека „се препородил“: Живеев 40 години во затвор, слободен сум бидејќи Исус ме спаси од гревот

SPORTM.mk18 ное 2026
Дани Алвес вели дека „се препородил“: Живеев 40 години во затвор, слободен сум бидејќи Исус ме спаси од гревот

Дани Алвес се посвети на нов живот како проповедник и евангелски учител, откако излезе од затвор во 2024 година и беше прогласен за невин во 2025 година по обвинение за сексуално насилство над млада жена во Барселона.

Поранешниот бразилски фудбалер, кој играше за Севиља и Барселона, беше уапсен во јануари 2023 година. По 14 месеци во затвор, на 25 март 2024 година, доби слобода под услов со гаранција од еден милион евра. Една година подоцна, Врховниот суд на Каталонија го прогласи за невин и ја укина казната.

Алвес, кој на социјалните мрежи се претставува како „ДаниЕЛ“ и се опишува себеси како „ученик на Исус Христос“, е активен во црквата „Елим Жирона“. Сепак, сè уште не е ракоположен како пастор.

Радикалната преобразба на Дани Алвес како евангелски проповедник: “Во затвор, Христос ме ослободи” | MARCA

Во порака на Инстаграм, тој напиша: „Живеев 40 години во затвор, но токму во затворот вистински се ослободив. Денес можам со сигурност да кажам: не сум слободен затоа што излегов од затвор, туку затоа што Исус ме ослободи од гревот“.

Изјавата предизвика реакција од неговата сопруга, моделот Џоана Санз, со која е во процес на развод:

„Каква бесрамност е јавно да се каже дека единствениот кој ти стоел покрај тебе бил Исус! Те посетував, иако целиот свет беше против мене и морав да се соочам со медиумското внимание за наслови што не ми припаѓаа. Потрошив мои пари за да ги платам твоите сметки и долгови“.

🚨⛪️ Дани Алвес стана ПРОПОВЕДНИК во ЦРКВА во Жирона. Неговата порака до заедницата е: "Морате да имате вера во Бога. Јас сум доказ за тоа. Јас направив" />

Еве ја целосната порака на Дани Алвес на Инстаграм:

„Живеев 40 години во затвор, но токму во затворот, местото каде што се ослободив навистина. Поминав 40 години врзан за синџири поради гревот, моите грешки, одлуките и животот кој однадвор можеше да изгледа слободен, но внатре беше полн со окови.

И токму во затворот го запознав Исус. Тука разбрав дека можам да бидам зад решетки и, сепак, да искусам слобода каква што никогаш не сум запознал. Исус ги раскина синџирите што никој не можеше да ги види.

Денес можам со сигурност да кажам: не сум слободен затоа што излегов од затвор, туку затоа што Исус ме ослободи од гревот. Бидејќи вистинската слобода не зависи од местото каде што се наоѓаат твоите нозе, туку од оној кој владее со твоето срце. Го запознав Исус во мојот затвор и… токму таму ја најдов слободата“.

<div class=Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.