Вејн Руни ја открива најмрачната период во својот живот: Помислив да ставам крај на својот живот

Вејн Руни го открива најмрачниот период од својот живот, откривајќи ги проблемите со менталното здравје, медиумскиот притисок и зависноста од алкохол. Во подкастот „Life at the Midpoint“, поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед ги опиша тешкотиите што ги доживувал уште од адолесценцијата, откако ја постигнал славата со Евертон на 16-годишна возраст:
„Не можев да го поднесам целиот тој притисок. Кога бев помлад, направив непромислени одлуки надвор од теренот и ми беше исклучително тешко да се справам со сето тоа. До таа точка си помислив да се самоубијам. Не сакав да бидам покрај никого, не сакав да сретнувам луѓе на улица или во продавници. На фудбалскиот терен секогаш се чувствував добро, но за сѐ останато имав огромни тешкотии“.

Руни исто така раскажува за периодот кога алкохолот бил дел од неговото секојдневие, токму во врвот на кариерата: „Се враќав дома, седев во собата за игри и поминував два дена пијанејќи. Потоа се разбудував за тренинг, ставав неколку капки во очи, џвакнав гума за џвакање и одев на тренинг“.
Тој призна дека сопругата Колин и неговата мајка играле клучна улога во надминувањето на тој период: „Само кога разговарав со Колин и мајка ми, отворено признав дека ми е потребна помош и започнав да ја надминува ситуацијата. Колин ми помогна извонредно многу. Можеше да ме остави, бидејќи состојбата беше толку сериозна, но остана покрај мене“.

Руни се присети дека, иако штотуку се оженил и станал татко, преживувал најлош период од животот: „Денес се каам, бидејќи беше изгубено време. Кај сѐ уште беше бебе. Признувам дека бев себичен, но поминував низ ситуација со која исклучително тешко се справував“.
Поранешниот фудбалер зборуваше и за несигурностите поврзани со физичкиот изглед и тежината. Пред една година одлучи да го промени стилот на живот, откако го остави алкохолот, ја подобри исхраната и ја промени тренинг програмата: „Се чувствував многу несигурно. Сега се чувствувам одлично. Едноставно сакав да бидам поздрав“.

По повлекувањето од фудбалот, повторно помина низ тежок период, со прекумерна консумација на алкохол и губење на спортската рутина. Денес вели дека нашол баланс и поминува повеќе време со Колин и децата.
Поврзани вести

Дани Алвес вели дека „се препородил“: Живеев 40 години во затвор, слободен сум бидејќи Исус ме спаси од гревот

Португалија се враќа на победите, иако остана со играч помалку на крајот. Спектакл во нордиското дерби. Норвешка победува во последен момент

