Connect with us

Фудбал

Дани Алвеш го доби „божествениот“ број во Барселона

Искусниот бразилски дефанзивец Дани Алвеш неодамна потпиша за Барселона.

Алвеш се врати во својот поранешен клуб, но право на настап има само од јануари, односно кога почнува зимскиот преоден рок. Со Барселона, еден од најдобрите десни бекови потпиша договор до јуни 2022 година со опција за продолжување на една сезона.

„Речиси пет години се борев како луд да стигнам до оваа точка. Не знаев дека ќе биде толку тешко, но знаев дека ќе се случи. Се враќам дома од каде никогаш не требаше да заминам“, беше пораката на Алвес по потпишувањето.

Дани Алвеш играше за Барселона од 2008 до 2016 година и беше член на една од најдобрите генерации што некогаш се појавиле. Со каталонскиот гигант освои апсолутно се што можеше, а на 391 одигран натпревар постигна 21 гол.

Од Барселона сега е потврдено дека Алвеш ќе настапи во дресот со број 8. Некогаш тој број му припаѓаше на Андрес Иниеста и важи за божествена и култна бројка во Барселона.

Интересно, бројот осум претходно го носеше Миралем Пјаниќ, кој беше позајмен во Барселона од Бешикташ.