SportM
Фудбал

Данците ја освоија бронзата по многу драма

Д М30 јан 2022
Данците ја освоија бронзата по многу драма

Ракометната репрезентација на Данска го освои бронзениот медал на Европското првенство откако по голема драма и продолженија ја совлада Франција со 32:35 во мечот за третото место.

Натпреварот помина во многу изедначена игра.

Данците имаа две серии од три гола разлика, но Французите брзо се вратија во мечот па влеговме во возбудлив финиш на мечот.

Многу драма во финишот. Данците поведоа со 28:29, но Французите во последниот напад погодија за 29:29 и отидоа во продолжение.

Во продолжението Данците беа подобри и славеа со 32:35 и стигнаа до бронзениот медал.

Холм беше стрелец на Данска со десет гола, додека кај Французите прво име беше Махе со осум гола.

Треба да се издвојат и одличните голмански игри. Џерард го заврши мечот со 17 одбрани, додека Ландин собра 18 успешни интервенции.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.