SportM
Фудбал

Дарко Грозданоски нов напаѓач на Победа

Д М12 фев 2021
Дарко Грозданоски нов напаѓач на Победа

Прилепскиот второлигаш Победа во последните часови од зимскиот преоден рок обезбеди засилување на најневралгичната точка во тимот-напаѓач.

Нов шпиц на Победа во пролетната полусезона ќе биде младиот Дарко Грозданоски (15.4.1999 г одина). Тој во Победа доаѓа од Силекс, чиј играч беше изминатаата 1,5 година, а во есенската полусезона како позајмен фудбалер настапуваше за Тиквеш од Кавадарци при што на 14 натпревари постигна 4 голови.

Минатата сезона во Првата лига настапи на 20 натпревари за Силекс при што постигна 2 гола(против Вардар и Струга Трим Љум) Станува збор за млад но веќе афирмиран фудбалер кој минал низ Младинската школа на Црвена Звезда, Чукарички и БСК Белград во кои тренери му биле познати имиња на српскиот фудбал како Огњен Короман, Александар Трифуновиќ, Душко Љубичиќ…

Со доаѓањето во Прилеп младиот голгетер Грозданоски има убава можност претстојната пролет со своите квалитети да се докаже во екипата на Победа која е составена главно од фудбалери негова генерација-родени 1999-тта година и со своите игри и голови му помогне на клубот во претстојната пролетна полусезона во која приоритет е сочувување на второлигашкиот статус.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.